More

    Европската комисија предложи максимална цена на гасот да биде 275 евра

    spot_img

    Европската комисија предложи максималната цена на гасот да биде 275 евра за мегават час, а мерката да се применува од 1 јануари и да важи една година.

    Ова го соопшти еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон кој рече дека Комисијата очекува воведувањето на максимална цена на гасот да им помогне на земјите-членки да ги намалат цените на енергијата за домаќинствата и деловните субјекти кои достигнаа рекордно високо ниво оваа година по руската инвазија на Украина, што доведе до инфлација и повисоки животни трошоци.

    За предлог утре ќе разговараат министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ.

    Ваков предлог беше најавен и претходно, но доведе до несогласувања меѓу 27 земји од блокот. Белгија, Грција, Италија и Полска бараат воведување ограничувања на цената на гасот, а Германија како најголема економија во Унијата се противи.

    Европа, пред војната во Украина, набавуваше 40 отсто од гасот од Русија, но  тој процент се намали на околу осум отсто откако Русија во меѓувреме го прекина снабдувањето со Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img