More

    Европската комисија предлага ограничување на цената на рускиот гас

    spot_img

    Европската комисија предлага ограничување на цените на рускиот гас, објави претседателката Урсула фон дер Лајен, неколку часа откако рускиот лидер рече дека идејата е „глупост“.

    „Целта овде е многу јасна. Мораме да ги намалиме руските приходи што Путин ги користи за финансирање на оваа ужасна војна против Украина. На почетокот на војната, рускиот гас сочинуваше 40 отсто од вкупниот увезен гас. Денес тоа е само девет проценти од нашиот увоз на гас“, нагласи Фон дер Лајен.

    Според претседателот на Европската комисија, испораката на гас од Русија е значително намалена и дека Норвешка во моментов ја снабдува Европа со повеќе гас од Русија, пренесува Радио Слободна Европа.

    Фон дер Лајен подвлече дека Европа се соочува и со „астрономски цени“ на електричната енергија за домаќинствата и компаниите и со огромна пазарна нестабилност, а Комисијата предлага низа итни мерки кои ќе ги заштитат ранливите потрошувачи и бизниси.

    Сепак, Путин рече дека Москва ќе одговори на ограничувањето со целосно запирање на снабдувањето, пренесува Би-Би-Си.

    „Нема да испорачаме гас, нафта, јаглен, нафта за греење. Нема да испорачаме ништо ако тоа е спротивно на интересите на Русија“, рече тој на економскиот форум во Владивосток на далечниот исток.

    Министрите за енергетика од земјите од Европската унија ќе се сретнат на 9 септември за да разговараат за тоа како компаниите и домаќинствата да го намалат товарот од високите цени на енергијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img