More

    Евакуирано предградие на Мелбурн поради големи поплави

    spot_img

    Илјадници луѓе ширум југоисточна Австралија беа повикани да ги евакуираат своите домови во петокот, вклучително и жителите на западните предградија на Мелбурн, откако два дена непрестајни дождови предизвикаа поплави и излевање на реките.

    Големи делови од државата Викторија, потоа Нов Јужен Велс и северните области на островот Тасманија беа зафатени од обилни дождови.

    „Нивото на реките се зголемува во текот на денот, ќе се зголеми за време на викендот и следната недела“, рече менаџерот за итни операции Тим Вибуш.

    Нивото на водата на многу реки во Викторија, меѓу кои Марибирнонг на запад од градот Мелбурн и Гулбурн на север, порасна, поради што населението мораше да биде евакуирано ноќе.

    Реката Гулбурн кај Сејмур го надмина рекордот од 7,64 метри поставен во мај 1974 година.

    Нагоре во Шепартон, надојдената вода би можела да го надмине рекордот од 1974 година до вторник и да им се закани на 4.000 домаќинства.

    „Во однос на материјалните штети на домовите, патиштата и јавната инфраструктура, се очекува да бидат нови рекорди“, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.

    Во сабота ќе се донесе одлука за повторно отворање на зградата што државата ја изгради како карантин за пациентите со Ковид-19.

    Австралискиот премиер Ентони Албанес рече дека владата ќе ја обезбеди сета потребна помош за регионите погодени од поплавата.

    Разорните поплави постојано го погодија источниот брег на Австралија од минатата година поради метеоролошкиот феномен Ла Нина кој се повторува низ годините и носи повеќе дождови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img