Грција и Кипар се суверени држави, но двете земји имаат иста химна. Па затоа вчера во Волос, во натпреварот од Лигата на нациите, сите 22 фудбалери пееја во еден глас.
Дуелот заврши со убедлива победа на „поголемиот брат“ Грција од 3-0, но може да претпоставиме дека на триумфот се радуваа навивачите од двете селекции.
Погледнете како изгледа, кога играчите на двата тима пејат во еден глас.