More

    Државна фирма ќе го експлоатира вредниот метал

    spot_img

    Сенатот на Мексико го изгласа Законот за национализација на резервите и правото на експлоатација на литиум.

    Сенатот легислативата ја усвои откако претходно законот беше одобрен и во Долниот дом на мексиканскиот Конгрес. Се очекува дека законот ќе го парафира и претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

    Според одредбите од законот, ексклузивни права на експлоатација на литиумот ќе има државна компанија. Во Мексико засега нема таков субјект, а мексиканските власти немаат искуство во ископувањето литиум.

    Моментално во Мексико има само еден рудник за литиум со кој стопанисува кинеска фирма, а истиот сè уште не е оперативен. Засега не е познато дали и тој рудник што се наоѓа во северниот дел на Мексико ќе биде преземен од мексиканските власти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img