До петок времето ќе биде стабилно со позначаен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и во петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, информираат од УХМР.
Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување.