Денеска започнува долгоочекуваното и најмасовно 12. издание на Д ФЕСТИВАЛ, кој ќе сеодржува од 1 до 3 јули во Дојран! Најголемиот летен музички фестивал во Македонија, ова лето конечно ќе се одржува повторно во полн сјај и во комплетно издание со повеќе од 150 музички изведувачи, уметници и учесници во најбогатата програма досега која ќе се одвива низ вкупно 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-КАМП за фестивалските посетители.
Еве ја програмата за фестивалот:
Билетарниците за Д ФЕСТИВАЛ 2022 се на две локации:
* пред влезот во Д кампот т.е. кај „Туристичкото биро“ во Стар Дојран, со работно време од 8:30
до 00:30 часот;
* пред Главна бина кај Паркинг „Гранит“, со работно време од 20:00 до 02:30 часот.
Билетите за време на Д ФЕСТИВАЛ ќе се продаваат по нивната полна цена, односно:
* 500 денари за еднодневен билет (пристап до цела програма за еден ден),
* 1100 денари за тридневен билет (пристап до цела програма за цел фестивал),
1200 денари за фестивалски билет (пристап до цела програма за цел фестивал + КАМП
место),
300 денари за докупување на камп (за оние кои веќе имаат купено било каков билет за Д
Фестивал без кампување).
Продажни места и сите информации за билетите се објавени тука: https://dfestival.mk/vleznici/
Сите посетители своите влезници треба да ги заменат за задолжителните фестивалски нараквици со кои им е овозможен влез на Фестивалот, а замената се врши на заменските пунктови кои се наоѓаат во склоп на фестивалските билетарници.
Д-кампот е веќе отворен, првите кампери ги поставуваат своите шатори, а за сите кои допрва ќе се одлучат за овој тип на сместување на Д ФЕСТИВАЛ, сите корисни информации за кампот се објавени тука: https://dfestival.mk/kamp/
Распоредот на музичката програма е објавен на овој линк: https://dfestival.mk/raspored/
ПлоштАРТ програмата е поделена по категории, а распоредот можете да го најдете под истоимениот таг на нашата интернет страница: https://dfestival.mk/igrici/
Новина на фестивалот е ТАНТЕ картичката. Имено, годинава купувањето и плаќањето ќе биде безготовинско и бесконтактно, а ТАНТЕ се вика Официјалната платежна картичка на Д Фестивал и само со неа ќе можете да купите храна, пијалок, сувенир и сѐ што ќе ви се допадне во рамките на Фестивалот.
Сите информации за Танте, тука: https://dfestival.mk/tante/
За подобра ориентација во Д зоните, погледнете ја фестивалската мапа или пак 360° виртуелната
тура: https://dfestival.mk/…/understra…/virtualtour/index.html