Под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на „француски предлог“ за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда ги предводи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.
Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камења.
Демонстрантите извикуваат „Оставка, оставка“, се пеат патриотски песни, свирежите стануваат се погласни, тензијата се повеќе расте, а пред владината зграда има засилено полициско присуство.
Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.
фото: Телма