Девет лица се повредени денеска при пад на балон со топол воздух на источниот крај на Алпите во Австрија.
Австрискиот Црвен крст соопшти дека двајца патници се тешко повредени во несреќата во регионот Буклиге Велт, област наречена по нејзиниот ридски предел.Тие се пренесени со хеликоптер во локалните болници.
Двајца полесно повредени патници се пронајдени во Унтерек, додека останатите пет патници се пронајдени со полесни повреди во близина на Станг, на околу пет километри.
Причината за несреќата не е откриена.