Двојна инциденца на болести кои се пренесуваат преку крлежи: Ова се симптомите
Повеќе од 14 отсто од светското население се заразило со Лајмска болест, најчеста болест која се пренесува преку крлежи, според студијата објавена во вторник.
Централна Европа имаше највисока стапка на зараза од 20 проценти, додека мажите постари од 50 години кои живеат во руралните области беа најзагрозени, според студијата објавена во списанието BMJ Global Health.
Симптоми
Состојбата е ретко фатална, но луѓето кои се каснати од инфициран крлеж често добиваат осип и страдаат од симптоми слични на грип, вклучувајќи болки во мускулите и зглобовите, главоболка, гадење и повраќање.
За да откријат колку е честа Лајмската болест низ светот, истражувачите собраа податоци од 89 студии.
Бактеријата која предизвикува болест Borrelia burgdorferi (Bb) била пронајдена во крвта на 14,5 отсто од речиси 160.000 испитаници.
„Ова е најсеопфатен и најсовремен систематски преглед на распространетоста на болеста во светот“, велат истражувачите.
Инциденцата на болеста е двојно зголемена
Централна Европа, регионот со највисока стапка на антитела, следи Источна Азија со 15,9 отсто, Западна Европа со 13,5 отсто и Источна Европа со 10,4 отсто.
Карибите имаат најниска стапка, од само два отсто.
Досегашните истражувања покажаа дека инциденцата на болести кои се пренесуваат преку крлежи е двојно зголемена во последните 12 години.
Причините за растот се подолгите и сушните лета поради климатските промени, миграцијата на животните, губењето на живеалиштата и „зголемениот контакт со домашните миленици“, се вели во студијата.
Фармерите и работниците кои се во редовен контакт со животни како кучиња и овци биле најмногу изложени на ризик да бидат каснати од заразен крлеж, покажа истражувањето.