Две лица загинаа, а едно е повредено при уривање на тераса на станбена зграда во Сочи, Русија, соопшти обвинителството на регионот Краснодар.
Како што соопшти обвинителството за ТАСС, според прелиминарните информации, се урнала терасата на четвртиот кат од петкатницата, на која се наоѓале три лица.
Обвинителството во Сочи ги истражува причините за несреќата.