More

    Да бидеш жена-возач е секојдневна потреба

    spot_img

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со СВР Скопје, Скопје Сити Мол и Здружението Љубители на Класик Мини и Пежо 404 – Клуб Македонија, организираше дружење и изложба на олдтајмер автомобили по повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената под мотото „Намали ја брзината, зголеми ја сообраќајната култура“.

    Претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуларовска во изјава за медиуми рече дека да се биде жена возач во 21 век, не е привилегија туку е секојдневна потреба.

    – Да бидеш жена-возач во 21 век, не е ниту привилегија, ниту општествен статус, туку секојдневна потреба. Секоја жена треба да стигне на време на своето работно место, да ги изврши обврските на работното место и во рамките на семејството – рече Кожуларовска.

    фото: МИА

    Таа на сите жени им го честиташе празникот 8-ми Март и упати апел до сите да се вози одговорно и безбедно.

    – Со вашиот пример ќе ја подигнете сообраќајната култура од тој момент ќе ја намалите и брзината, ќе ја зголемите културата на сообраќајот – нагласи Кожуваровска.

    Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски исто така упати порака за почитување на правилата и прописите на сообраќајот.

    – Во име на МВР го честитам 8-ми Март, денот на жената и оваа прилика да ја искористиме да ја упатиме повторно пораката, сите да ги почитуваме правилата и прописите во сообраќајот на тој начин за безбедни улици и патишта – рече Ангеловски, кој додаде дека доколку сите ги почитуваме правилата и прописите, нема да имаме сообраќајни незгоди и на тој начин ќе нема и жртви на патиштата.

    Учесниците на настанот имаа можност да ги погледнат изложените олдтајмер автомобили од страна на Здружението Љубители на Класик Мини и Пежо 404 – Клуб Македонија во надворешниот дел на Скопје Сити Мол.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img