Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок пораз од Грузија во 3. коло Ц-сегмент од Лигата на нации. Вечерва на „Тодор Проески“ во Скопје пред околу 10 илјади гледачи Грузијците победија со убедливи 3:0.
Стрелци на головите за гостинската селекција беа Буду Цицивадзе во 52. Квича Кваратскелија во 62. и Отар Китеишвили во 84. минута.
Грузија како што и најави пред натпреварот, дојде во Скопје и се реваншира за поразот на нивни терен во минатиот циклус, во натпревар кој одлучуваше кој ќе оди на Европското првенство 2020.
По овој пораз „црвено-жолтите“ останаа на четири бода и речиси ги загубија шансите за првото место во четвртата група, а со тоа и пласман во полуфиналето во плејофот. Грузија со максимални девет бода од три натпревари е лидер на табелата.
На вториот натпревар во оваа група, Гибралтар и Бугарија одиграа нерешено 1:1. Бугарите имаат два бода, Гибралтар еден.