More

    Грковска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продлабочување на соработката преку конкретни проекти кои ќе овозможат јакнење на демократските принципи и одговорно и отчетно владеење

    spot_img

    Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со делегација на Трезорот на САД, предводена од Шила Бекет, вршител на должност вонреден директор и виш советник за буџет и финансиска отчетност на Трезорот на САД.

    Упатувајќи искрена благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатланските цели на нашата држава, вицепремиерката Грковска информираше за активностите на Кабинетот, во делот на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, јакнење на принципите за добро владеење, обуките за интегритет за избраните и именувани функционери и проектите кои се реализираат во делот на дигиталната трансформација на општеството, со поддршка на Амбасадата на САД и Естонскиот центар за меѓународна соработка.

    Во разговорот стана збор и за продлабочување на соработката и нови проекти со Трезорот на САД, кои би биле насочени кон зајакнување на капацитетите во однос на интегритетот кај даночните и царинските службеници, како и во делот на антикорупциските политики. Истовремено на состанокот Вицепремиерката нагласи дека е многу важно да се изготват решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина.

    На состанокот беше потврдена определбата за продлабочување на меѓусебната соработка преку конкретни проекти кои ќе овозможат јакнење на демократските принципи и стандарди, во интерес на одговорно и отчетно владеење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img