More

    Грковска на средба со европратеници: Владата е посветена да изгради општество со професионални институции, насочени кон обезбедување подобри услуги за граѓаните

    spot_img
    Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше средба со европратениците Ирена Јовева и Владимир Билчик, на која се разговараше за тековните реформи во делот на спроведување на политики за добро владеење.

    На состанокот, на кој присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир, особено беше нагласена важноста на политичката поддршка, но и експертиза која доаѓа преку ЕУ фондовите, при реализација на реформските процеси во земјата.

    Вицепремиерката Грковска истакна дека и покрај бугарското вето Северна Македонија ги продолжува  реформите дома. Владата на Северна Македонија е посветена да изгради општество со професионални, ефикасни, транспарентни и одговорни институции, насочени кон обезбедување подобри услуги за граѓаните.

    „Мојата работа како вицепремиерка за политики за добро владеење е фокусирана на воспоставување на системски и долгорочни решенија. Кабинетот за креирање на политики се заснова на три главни столба, дигитална трансформација на општеството, транспарентни и ефикасни институции и развивање на антикорупциски политики. Воспоставивме партнерски односи и соработка со министерствата, како и со Државната антикорупциска комисија, Државниот завод за ревизија, Бирото за јавни набавки, како и со граѓанските организации“, нагласи вицепремиерката Грковска.

    Европратеничката Ирена Јовева, која доаѓа од Словенија, а има македонско потекло, истакна дека Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите и изрази оптимизам дека тоа набрзо ќе се случи. Европратеникот Владимир Билчик исто така ја нагласи поддршката и истакна дека е важно политичкиот дијалог да продолжи, кога се во прашање стратешките интереси на државата, како што е европската интеграција.

    Соговорниците разменија мислења и за работата на администрацијата и за процесот на дигиталната трансформација на општеството.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img