More

    Градежната офанзива во земјава продолжува

    spot_img

    Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип.

    Инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари, а со него е предвидено да се изведе камено-земјена брана со централно глинено јадро високо 33 метри.

    Како што изјави Бочварски по увидот, изведувачите се на терен и работат непречено.

    – Ова е многу значаен капитален објект за Штип и за источниот регион. Инвестицијата е на Министерството за транспорт и на Владата. Работите течат со одлична динамика, се работи на темелот за инјектирање на десното крило на браната. Се прават сите подготовки за изведба на насипот. Ова покажува дека кога има желба и волја, се може да се направи – истакна министерот.

    Тој информира и дека заврши постапката за избор на изведувач за водовод Каваклија.

    – Избран е и изведувач и надзорен орган. Очекувам до крајот на месецов да почнат ивездувачите со работа. Инвцестицијата е околу 8,5 милиони денари. Паралелно се следи и реализацијатга на крстосницата во населбата Сењак која треба да се реализира кон средината или втората половина на март. Имаме многу инвестици, а преку овој проект во тендерска постапка се уште три улици во населбата Автокоманда со што се дава поддршка и на Општината и на граѓаните – рече Бочварски.

    На увидот присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски.

    Браната почна да се гради во јули минатата година, а рокот на изведба е планиран да изнесува 30 месеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img