Готвачката во „Градска меана“ во Врање, Јована Јанковиќ за десетгодишната работа во познатата кафана од работодавците доби автомобил. За овој гест сопственикот Ивица Цветковиќ вели дека е нешто сосема нормално, особено затоа што добра работничка е вистинска реткост.
За 10 години напорнo, но пред сè убавo работење, за твојата лојалност, верност, посветеност кон работата, која ја постигна работејќи во „Градска меана“, овој подарок е знак на внимание! Со здравје да се вози, напиша тој споделувајќи го новиот автомобил.
Цветковиќ за „Нова.рс“ вели дека кај нив е пракса да се наградува добрата работа. Јанковиќ, пак, вели дека иако знаела дека ќе добие автомобил, зошто само што го положила возачкиот испит, не знаела дека тоа ќе биде нејзиниот омилен – „буба“.
Инаку, ресторанот секој Митровден им подарува часовник на вработените кои биле ангажирани пред една година.