More

    Германската метеоролошка служба предупреди дека патиштата може да бидат опасно лизгави во понеделник наутро, дека возачите треба да бидат внимателни, додека училиштата се затворени во делови од земјата поради „црн мраз“

    spot_img

    Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди дека патиштата може да бидат опасно лизгави во понеделник наутро, дека возачите треба да бидат внимателни, додека училиштата се затворени во делови од земјата поради „црн мраз“.

    Опасниот „црн мраз“ погоди големи делови од Германија.

    Замрзнат дожд со „црн мраз“ најпрвин се појави во западниот и северозападниот дел од земјава, а потоа и во централните делови.

    Според предупредувањето на метеорологот, замрзнат дожд во понеделник ќе врне и на североисток и исток.

    – Сѐ уште има замрзнат дожд во Хамбург, Лајпциг, Магдебург, Ерфурт. Замрзнат дожд се очекува во Дрезден од 11 часот, во Потсдам и Берлин од 12 до 16 часот. Ако не треба да излегувате, подобро е да останете дома. Постои апсолутен ризик од лизгање на тротоарите и пешачките премини – изјави климатологот д-р Карстен Брант.

     

     

    Поради опасното време, наставата беше откажана во голем број области во Долна Саксонија (вклучувајќи ги Хановер и околината), Хесен.

    Во училиштата во Бремен присуството е задолжително само од третиот час.

    Низ Германија се регистрирани голем број сообраќајни несреќи поврзани со временските услови, во кои има неколку повредени и загинати.

     

     

    Во сообраќајна несреќа на автопатот 27 меѓу Бремен и Хановер загина 25-годишен возач.

    Портпаролот на полицијата утрово изјави дека автомобилот излетал од патот поради лизгав асфалт.

    Несреќата предизвика сообраќаен колапс.

    Во сообраќајна несреќа на улица покриена со снег и мраз, загина и тракторист.

    Околу 170 сообраќајни несреќи се регистрирани околу Дизелдорф, но за среќа учесниците главно поминале со полесни повреди.

    Во Офенбах кај Франкфурт автобус од јавниот превоз удри во дрво поради „црн мраз“ на улицата.

     

    Во несреќата се повредени 12 лица, а пожарникарите се на терен.

    „Црниот мраз“ утринава го прекина сообраќајот и на аеродромот во Франкфурт.

    Поради временските услови има доцнења и откажувања на летови.

    Според портпаролот на аеродромот, 176 од околу 1.100 полетувања и слетувања се веќе откажани.

    Германските железници објавија информации за прекин на некои железнички линии во Франкфурт и Манхајм.

    А некои зоолошки градини се затворени поради мразот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img