More

    Г.г. Стефан вели дека црквата нема ниту територијални претензии

    spot_img

    Се очекува наскоро коресподенција, па и средба со Вселенската патријаршија за да се договори обзнанувањето на Томосот. Архиепископот Господин Господин Стефан во интервјуто за Радио Слободна Европа зборува и дека името на една црква никогаш не изразува етничка припадност, но и дека правата на малцинствата во некои од соседните земји треба да се третираат според европските стандарди.

    Во однос на името со кеое нашата црква ќе биде заведена во диптихот на православните цркви г.г. Стефан вели:

    -Станува збор за еклисиолошкото име со кое секоја Помесна Црква е заведена во општиот православен список, наречен диптих. Вообичаено тоа е името на центарот, или на градот-полис на територија што ја зазема Црквата, или на историската катедра, со посочување на современата територија каде што се простира јурисдикцијата во дадениот момент. Секако, историски, јурисдикциската територија се менувала во зависност од околностите, што исто така требало да е потврдено и озваничено со документ од меродавниот орган, а не со еднострана иницијатива. Во оваа смисла, Грчката православна црква е заведена со еклисолошкото име – Атинска Архиепископија и нејзината територија се протегала во границите на тогашната Грчка држава. И друго појаснување во оваа насока: името на Црквата никогаш не изразува етничка припадност. Православието не познава „ни Елини, ни Јудејци…, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос“ (Кол. 3,11). Всушност, Христос сите „нѐ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе“ (Откр. 5,9). Верувам, во овој контекст, дека никој нема потреба ниту интерес за мешање во нашите внатрешни работи и внатрешното уредување, особено ако јасно се изразени и потврдени позициите.

    Тој, како што вели, „верува дека никој нема потреба ниту интерес за мешање во нашите внатрешни работи и внатрешното уредување, особено ако јасно се изразени и потврдени позициите“.

    Архиепископот Стефан изразува надеж дека обзнанувањето на Томосот за автокефалност ќе биде доделен во многу блиско време.

    Поглаварот на МПЦ-ОА говори и за односот на Синодот кон Францускиот предлог.

    – Ставот на Синодот е и мој став и како таков сметаме дека е насока прифатлива за сите во МПЦ. Синодот јасно предочи дека апелира на зачувување на „македонскиот идентитет, македонските јазик, култура и историја во семејството на европските народи“, односно и она што соседите го бараат за своите, побаравме и тие да им го дадат на македонското малцинство во нивната земја. Значи Синодот не говореше против нешто, туку апелираше – за – нешто!- вели архиепископот.
    Фото: МИА
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img