Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор договорија да се потпише нов договор за снабдување со гас на 3 години, а формулата за пресметка на цената да остане иста, изјави претседателот Вучиќ во Белград.- – Путин и јас имавме многу добар разговор утрово. Разговаравме на повеќе теми. Билатерални односи и договорот за гас. Ги договоривме главните елементи кои се поволни за Република Србија. Она што го договоривме е да потпишеме договор на 3 години, а не на еден месец, што мислам дека исклучително ни одговара, а платформата и формулата ќе останат исти – истакна Вучиќ.
Тој рече дека цената ќе биде многу поволна, и дека доколку се реализира с од разговорите со Путин, во однос на снабдувањето со гас, Србија ќе има безбедна зима и изрази благодарност до руските партнери за поддршката.
– Во зависност од дополнителните разговори со „Газпром“, ќе можеме да ви ја кажеме точната цена. Ако пресметаме сега, тоа е 3 пати помалку, а во зима ќе биде 10 пати помалку од она што ќе го плати Европа – рече Вучиќ.
Актуелниот договор за испорака на гас истекува на 31 мај. На 27 јуни во Белград се очекува посетата на Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија.