Во северниот дел на Косовска Митровица повторно се огласија сирените, а како што јавуваат локалните медиуми причина за новата тревога е апсењето на Србин, поранешен припадник на косовската полиција.
Како што јави агенцијата Бета, во тек е собир на вработени во институциите во општина Звечане.
Медиумите јави дека неколку патни правци се блокирани на подрачјето на општините Звечане и Лепосавиќ. Граѓаните не дозволуваат полицаецот да биде пренесен во Приштина.
Претходно беше најавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва во 19 часот ќе им се обрати на граѓаните во врска со последните инциденти на северот на Косово.