Како што посакуваа обожавателите на Кери Бредшо, во новата сезона на серијата за враќање „And Just Like That…“, рестартирањето на големиот хит „Сексот и градот“, се враќа добро познат и сакан лик. Во прашање е Ејдан, љубовта на Кери во два обиди. Се чини дека во новата сезона ќе видиме дали за поранешните љубовници ќе важи „трета среќа“.
Џон Корбет овојпат повторно ќе ја игра улогата на изневерениот вереник, што вчера и официјално беше потврдено на официјалниот Инстаграм на серијата „And Just Like That…“ каде беа објавени неколку фотографии на кои Ејдан и Кери се шетаат заедно рака под рака.
Обожавателите се воодушевени од веста, но некои од нив ги изразија своите стравови за тоа што му се подготвува кутриот Ејдан овој пат. Ако се потсетиме како нивната романса заврши неславно последните два пати и како почина сопругот на Кери, Ѕверката, во првата сезона од рестартирањето, којзнае што ќе му се случува на нежниот и чувствителен Ејдан.
Да потсетиме, Кери живееше прво со Ејдан, но љубовта кон Ѕверка победи, па се омажи за него при вториот обид. Меѓутоа, бидејќи Ѕверка почина од срцев удар во новото продолжение на серијата, Eјдан, кој исто така беше оженет, се врати во животот на Кери Бредшо.