More

    Владата постигна договор, предлогот треба да биде поднесен во Парламентот

    spot_img

    Бугарскиот министер за иновации и раст, Даниел Лорер, денеска изјави дека владејачката коалиција постигнала договор за Националниот план за воведување на еврото, јави дописникот на МИА од Софија.

    На речиси тричасовниот експретски совет, свикан од министерот Асен Василев, тие се договориле датумот за официјален почеток на употребата на еврото во Бугарија да остане 1 јануари 2024 година, а за планот да почне да расправа  Народното собрание на Бугарија.

    Лорер кажа дека првиот чекор е планот да биде усогласен на ниво на коалициски совет, по што ќе треба да биде поднесен во парламентот.

    – Но, нема да има дебата за датумот на почетокот на употребата на еврото во Бугарија, тоа го прифати и претходната влада, така што се движиме по утврдените датуми – рече Лорер.

    Тој ги повика сите пратеници во бугарскиот Парламент и нивните коалициски партнери да покажат исклучителна одговорност за овој процес за да може да се одвива што е можно побрзо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img