Вкупно 30 полицајци од граничниот премин Блаце се под истражни мерки на внатрешна контрола во МВР поради сомнение дека намерно ги оштетиле камерите што ги носат на себе, објави телевизија Алсат.
Телевизијата од извори во полицијата дознава дека мотивот за кршење на камерите бил да не се снимаат докази од ситуации кога полицајци ја злоупотребуваат службената положба. МВР повело повеќе истражни постапки за докажување на одговорноста за намерно уништување на камерите, но засега нема кривични пријави.
МВР пред два дена соопшти дека води истрагата за скандал со земањето поткуп на овој граничен премин.