Британската влада објави дека поради рускиот напад врз Украина замрзнала имот на руски олигарси, политичари и компании во вредност од над 20 милијарди долари.
Во Лондон тврдат дека ова се најстрогите санкции досега воведени, чија цел е да се запре руската „воена машина“.
Велика Британија воведе санкции против повеќе од 1.200 физички лица и околу 120 компании во Русија, објави Ројтерс.