More

    Вашингтон безуспешно преговараше со Техеран

    spot_img

    Индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон за обновување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, завршија без напредокот на што се надеваа посредниците од Европската Унија, информираше на Твитер претставникот на ЕУ, Енрике Мора.

    „Ќе продолжиме да работиме со уште поголема брзина, со цел да го вратиме на вистински пат клучниот договор за неширење (на нуклеарно оружје) и регионалната стабилност“, напиша Мора.

    Разговорите меѓу Али Багери Кани од Иран и специјалниот пратеник на Вашингтон за Иран, Роб Мали, во Доха, каде Мора беше координатор, започнаа во вторникот.

    „Она што спречи преговорите да се остварат, е инсистирањето на САД на својот предлог нацрт текст од Виена, што исклучува каква било гаранција за иранските економски придобивки“, соопшти иранската агенција Тасним, повикувајќи се на информирани извори од преговорите.

    Со преговори имаше обид да се надминат разликите околу обновување на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили од 2015 година.

    Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во 2018 година го отфрли договорот и повторно воведе санкции против иранската економија. Една година подоцна, Техеран реагираше постепено, кршејќи ги ограничувањата за нуклеарна технологија утврдени со договорот.

    Разговорите од над 11 месеци, меѓу Техеран и големите сили за обновување на договорот за иранската нуклеарна програма, запреа во март. Главно, тоа се должеше на инсистирањето на Техеран, Вашингтон да ја отстрани Исламската револуционерна гарда од својата листа на странски терористички организации.

    Вчера иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон, каде посредува ЕУ, се одвиваат во Доха во „сериозна“ атмосфера, побивајќи ги претходните информации оти преговорите се прекинати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img