More

    Вархеји: Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата

    spot_img

    Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата. Видовте дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен даде директен придонес. Нека се развие дебатата и потоа да ги кажеме нашите позиции, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.

    Тој доцна попладнево пристигна во албанскиот приморски град Валона, ја разгледа новоизградената обиколница финансирана од Европската Унија, по што одржа прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама. 

    Што се однесува за Албанија, според Вархеји, таа направила сè за да дојде до првата меѓувладина конференција. 

     – Верувам дека следната недела ќе биде неделата што толку долго ја чекавме – додал Вархеји. 

    Европската Унија ја поддржа изградбата на обиколницата со грант од 20 милиони евра. Исто така, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за овој проект учествуваа со заеми од по 18 милиони евра.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img