More

    Вака се уништува образованието, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Нема учебници за учениците од основно образование и денес, два месеца од почетокот на учебната година. Во меѓувреме, Министерството за образование и наука платило половина милион евра за еднократна употреба на скрипти. На прашањето кој профитира, а кој губи од двојното плаќање за иста работа, од МОН до денес немаме одговор.

    Ова го изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција на која покажа документ од Светска банка, од кој, како што рече, може да се види дека на 15.08.2022 година се обезбедени 552.703 американски долари на фирмата ТРИМАКС ДОО Скопје за подготовка, печатење и дистрибуција на материјали за учење во основното образование.

    – Тоа што власта не успеа до денес да обезбеди учебници, а голема е веројатноста и првото полугодие да заврши без учебници, е причината поради која парите кои што можело да бидат наменети за долгорочен развој на образованието и кои што би служеле за повеќе генерации, се трошат на скрипти од стотинаа листови хартија, со употребна вредност од два месеци – изјави Митева.

    Таа прецизираше дека станува збор, всушност, само за една скрипта од стотина страни, во кои се содржани сите наставни предмети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img