More

    Бројот на загинати драстично се зголемува, тлото не престанува да се тресе

    spot_img

    Откако вчера два разорни земјотреси ја погодија Турција, тлото се уште се тресе. Бројот на загинати надмина 4.800, а Светската здравствена организација вели дека се очекува бројката да достигне 20.000. Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени, а спасувачките тимови на терен трагаат по исчезнатите под урнатините.Пожар во пристаништето Искендерун
    Асошиетед прес јавува дека пожарот во пристаништето Искендерун на Средоземното Море продолжува втор ден. Телевизиските снимки покажаа густ црн чад што се издига од запалените контејнери кои се урнаа по земјотресот во понеделникот. Турската државна новинска агенција Анадолу објави дека брод на турската крајбрежна стража помага во гаснењето на пожарот.

    Градови срамнети со земја
    Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.

    Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани.Градовите во Турција и Сирија беа срамнети со земја. Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот. Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината изгледаат како воена зона.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img