More

    Брзо планираните референдуми во териториите на Украина окупирани од Русија се напад на принциите на суверенитет и територијален интегритет кои се основа на меѓународниот систем и лежат во срцето на Повелбата на ОН

    spot_img

    Брзо планираните референдуми во териториите на Украина окупирани од Русија се напад на принциите на суверенитет и територијален интегритет кои се основа на меѓународниот систем и лежат во срцето на Повелбата на ОН, соопшти денеска од Белата куќа.

    – Во контекст на воените победи на украинската војска уште на почетокот на руската инвазија и во изминатиот перод, изгледа дека претседателот Путин презема два чекора. Како што предупредувавме се месеци, Русија најверојатно ќе одржи лажни референдуми во области на Украина кои се под нејзина контрола, но и во области кои не се. Како и тоа дека се подготвува за потенцијална мобилизација – изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.

    Тој додаде дека „САД знаат дека овие референдуми ќе бидат манипулација и дека Русија ќе ги употреби за наводна анексија на овие територии, сега или во иднина”.

    – Ако ова се случи, САД нема да ги признаат овие територии кои се составен дел на Украина и затоа едногласно ги отфрламе руските акции – изјави Саливан.

    – Присилувањето повеќе Руси да се борат во неговата брутална војна во Украина делумно е поради тоа што тие имаат потреба од повеќе војници, со оглед на успехот што Украина го постигна на военото поле, посебно во североистокот но и во други места – рече Саливан.

    Тој додаде дека „ова се случува кога Русија губи на военото поле, очајно бара војници за да ги фрли на биштето, но и кога се повеќе светски лидери се дистанцираат од Русија”.

    – Ова не се акции на силна земја и САД и сојузниците стајт зад своите напори за транспарентност во однос на Русија и стојат силно зад Украина и украинскот народ – порача тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img