Актерот Бред Пит, кој неодамна беше виден како ужива во Мексико со својата нова девојка Инес де Рамон, минатиот месец го продал својот мнозински удел во успешната холивудска продукциска куќа План Б, тврдат медиумите.
Сето тоа го прави за да се оддалечи од Холивуд и да започне помирен живот. Тој ја основа компанијата План Б со својата поранешна сопруга Џенифер Анистон.
– Бред размислува да го напушти Холивуд и да се пресели во Франција, каде што ќе се занимава со лозје, уметност и со производство на мебел. Тој само сака да живее во мир -откриваат извори блиски до актерот.
Тие објаснуваат дека Бред Пит повеќе не сака да биде во бизнисот, туку само понекогаш да глуми. Тоа го тврдат и негови познаници, кои велат дека тој повеќе ќе се посвети на францускиот имот Шато Миравал, што го купил со Анџелина Џоли.