Еден од најдобрите одбранбени играчи на денешницата, Карлос Енрике Касемиро, во 83. минута го реши мечот Бразил – Швајцарија.
Со прецизен удар тој ја прекина агонијата на Бразилците, кои во текот на целиот меч играа бледо и не успеваа да го совладаат одбранбениот бедем на Швајцарците.
Во 61 минута Бразил постигна гол, но радоста беше кратка, бидејќи голот беше поништен поради поради офсајд.
Бразил, кој сега е сигурен полуфиналист на Мундијалот, вечерва настапи без повредените Нејмар и Данило.
Претходно денеска во истата група, во еден од највозбудливите натпревари досега на Мундијалот, Србија и Камерун одиграа нерешено 3-3.
Бразил води на табелата со 6 бодови, пред Швајцарија со 3, додека Србија и Камерун освоија по 1 бод.
Последното коло е на програмата в петок, кога Србија ќе ја бара својата шанса во мечот против Швајцарија, додека Камерун против Бразил.