More

    Борис Џонсон се огласи по трите оставки во неговата Влада

    spot_img

    Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека планира да остане на функцијата и покрај оставката на тројца министри од неговата влада. Тој им рече на пратениците дека „работата на премиерот, кога има тешки околности, е да продолжи понатаму“, пренесува Нова.

    Двајца министри, Саџид Џавид и Риши Сунак, поднесоа оставки вчера, велејќи дека повеќе не можат да го поддржуваат Џонсон поради неговото справување со етички скандали, вклучително и случајот на висок функционер кој беше обвинет за сексуално вознемирување.

    Џонсон брзо смени двајца од министрите во оставка, назначувајќи го Стив Баркли на местото на Џавид, додека Надим Захави ќе биде нов министер за финансии.

    Сепак, поддршката на Џонсон во Конзервативната партија нагло опаѓа.

    Неговите противници се надеваат на промена на правилата внатре во партијата, за да има уште едно гласање за доверба на премиерот.

    Британскит „Тајмс“ утринава напиша дека за Џонсон „играта заврши“ и дека тој треба да се повлече од премиерската функција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img