Еден ден по разорните ракетни напади во Украина, утрово сирените за воздушен напад се огласија во Киев, а Запорожје повторно е цел на руски ракетни напади, јавуваат украински медиуми.
Во Виница е погодена термоцентрала од камикази беспилотни летала. Сирени се слушнале и во Чернихив, Одеса, Суми и Днепар.
Шефот на украинската регионална воена управа на Запорожје, Олександр Старух, напиша на Телеграм дека руските сили истрелале ракети врз регионалниот центар и „наменети инфраструктурни објекти“, пренесува Укринформ.
Украина соопшти дека во вчерашните масовни руски ракетни напади на загинале 19 лица, а 105 се ранети.