Фудбалската легенда Дејвид Бекам (46) и сопругата Викторија (47) наводно ги поканиле принцот Вилијам (39) и војвотката Кејт (40) на свадбата на нивниот најстар син Бруклин (23). И покрај поканата, Вилијам и Кејт учтиво ја одбиле, иако семејстовото Бекам присуствуваше на нивната венчавка во 2011 година.
– Дејвид и Викторија им пишаа на Кејт и Вилијам и ги поканија како семејство на свадбата на нивниот син, но Вилијам одговори дека им посакуваат среќа, но дека не можат да дојдат – изјавил извор за „Дејли мирор“.
Дејвид и Викторија, исто така, присуствуваа на свадбата на војводата и војвотката од Сасекс во 2018 година, што поттикна шпекулации дека Хари (37) и Меган (40) исто така би можеле да бидат поканети на венчавката на Бруклин.
Се верува дека Викторија е блиска пријателка со Меган, а откако парот се пресели во САД тие се почесто се дружат. И покрај тоа, на венчавката биле поканети само Вилијам и Кејт.
„Историјата на Дејвид со Вилијам и Кејт е подолга, тие се повеќе поврзани и се добар избор за гости на свадбата“, рекол извор.
Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам вплови во брак со ќерката на милијардерот Нелсон Пелц, а венчавката беше на имотот на семејството Пелц, во Палм Бич, Флорида, кој вреди 103 милиони долари. На свеченоста присуствуваа околу 300 гости.