More

    Аца Лукас во земјата на чудата каде институциите црна берза секојднево ја празнуваат среќна нова 1949-та

    spot_img

    Од како Охридскај обзбани за игротеката „Хангар-Лукас“,голем број медиуми од Македонија и сосесдтвото ја преземаа веста со досатни пикантерии кој се далеку од вистината.

    Но наместо да истражуваат државните иснтитуции како што се Управата за јавни приходи, Финансиската полиција ,МВР,во отсуство на овие институции ,истражуваат новинарите ,зошто поединци од погоре споменатите институции се дел од талот на газдите на ноќните клубови,а со нивното неработење и корупција ,свесно го оштетуваат буџетот на државата со над 100 милиони евра годишно,но зато го унапредуваат перењето на пари и трговијата со наркотици!!!

    Во последниот случај кога гостите во ноќниот клуб „Хангар“ во Охрид останаа со прстот во уста наместо да се забавуваа со „болниот“ Аца Лукас,само ја отвори пандорината кутија, а од која власта бега како ѓавол од темјан.

    Аца Лукас за последното негово разболување во ноќниот клуб „Хангар“ во Охрид инкасирал 22.000 Евра дознава Охридскај .Лукас воопшто не ни доваѓал на настап ,доколку претходно не му биле исплатени паричните средства ,кој еден дел оделе преку жиро сметка , додека другиот поголем дел одел во готово,неоданочен.И,ваквиот начин на работа со српските пејачи бил вообичаен во поголем дел од ноќните клубови вво Македонија,кој организираат мега забави, но тука е само почетокот на сивата економија во ноќните клубови…

    Сув влез во ноќниот клуб се наплаќал од 10 до 15 евра, доколку сакате Коњопј за четири лица и , тука има цена од 6.ооо до 1200 денари во зависност од далечината до бината на која настапуваа болниот Лукас?! За сепаре се издвојувало од 500 до 1000 евра во зависност од локацијата на сепарето , што поблиску до болниот Лукас ,тоа било поскапо…!!!Спомна ли некој фискализација , фискална сметка?што беше тоа во нашата чудесна ни Македонија???? Каде тоа било забрането присуство на малолетници во ноќен клуб и точење на алхохолни пијалоци,за во која држава е на важност тој Закон?!! Патем, оние испектори за борба против трговија со наркотици задолжени за 1грам трева ,зошто ги нема по овие силни ноќни клубови другарчина?? Ок, тие се задолжени за тепање на вработени по бензиски, да вадат полициски легитимации за да пијат и јадат без да платат по истите тие клубови , да глумат силџии, а кога ќе јадат по глава , тогаш ,опа бато напад на службено лице…,нели е претерано?!

    што беше тоа возење под дејство на алхохол? Ваму од овие клубови кога излегуваат возат под дејство на газоза,затоа нема никаде полиција ниту за лек,а добро знаеме за дилот кој го има полицијата со сопствениците на ноќните клубови,како фунционира севкупното обебзедување на објектите и кој све зема рекет,онака културно полициски…Доколку се оди според законите, ниту еден клуб од оние охридските не ги исполнува елементарните услови за работа, но тоа во некоја нормална држава,а не во оваа каде се празнува среќна нова 1949-та.

    Сашо Денесовски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img