More

    Аргентинските работници го искажаа незадоволството од високата инфлација

    spot_img

    Аргентинските работници, кои подолго време протестираат поради големата инфлација, организираа „погреб“, при што „тагуваа“ поради „смртта“ на средствата неопходни за живот.

    Некои жени дојдоа во црнина со цветна круна на главите, други носеа преголем ковчег во поворка што минуваше низ улиците на Буенос Аирес, на последна почивка не се испраќаше некоја личност, туку за работничките плати во Аргентина.

    – Денеска одржуваме симболично испраќање на платите, што ја покажува ситуацијата во која се наоѓаат сите работници во Аргентина – рече Максимилијано Маита од Фронтот за организации во потреба.

    Се очекува до крајот на годината инфлацијата во земјата да достигне ниво од 90 отсто и да ја „изеде“ куповната моќ на просечниот аргентински работник и покрај повеќегодишните обиди на владата да го намали растот на цените.

    – Ситуацијата е погубна за работниците. Пред да стигнеме до средината на месецот, нема да ни остане ништо од платата, немаме доволно – изјави за Ројтерс Мелиса Гаргарело, претставничка на Фронтот за организации во потреба. која го организираше овој протестен митинг.

    Еден од демонстрантите носеше транспарент на кој се прикажува „историјата на болеста“ на платите во Аргентина, графички приказ на тоа како инфлацијата ја „изеде“ вредноста прикажана на платните списоци. Додека голем дел од светот се бори со едноцифрена инфлација, неволјите на Аргентина се во друга категорија.

    „Умреа платните списоци“, пишуваше на еден од транспарентите во симболичната поворка која по минувањето низ улиците на главниот град на Аргентина го заврши своето патување пред Претседателската палата. Цветните круни што ги носеа жените ја носеа пораката „Почивајте во мир минимални плати“.

    Според официјалната статистика, минималната плата во Аргентина е 45.540 аргентински пезоси, што е еквивалент на 334 американски долари, додека цената на синдикалната кошничка за четиричлено семејство е 111.298 пезоси, или 817 долари, речиси два и половина пати повеќе од износот на минималната плата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img