More

    Аргентинската полиција уапси водечки италијански мафијаш

    spot_img

    Аргентинската федерална полиција уапси врвен италијански мафијаш во близина на Буенос Аирес, се вели во соопштението на аргентинската агенција за безбедност во понеделникот, со што заврши долгогодишната потера по човекот.

    Кармин Алфонсо Мајорано, 68-годишниот водач на италијанската мафија Ндрангета, беше уапсен минатата среда во селото Герника во провинцијата Буенос Аирес, се вели во соопштението.

    Мајорано, кој е роден во Италија, беше обвинет од меѓународните власти дека ја организирал трговијата со дрога и оружје меѓу Латинска Америка и Европа.

    Меѓународната полициска организација Интерпол ја смета Ндрангета „една од најголемите и најмоќните криминални организации во светот“.

    По Мајорана беше распишана меѓународна потерница во 2015 година, а Интерпол во 2020 година покрена иницијатива за координирање на меѓународните напори во борбата против криминалната група.

    Мафијашката група „Ндрангета“ формираше свој огранок во Аргентина пред неколку години, според соопштението на полицијата, и работи во тандем со своите албански колеги во Европа, пренесува Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img