Лидерот на Левица Димитар Апасиев, изјави дека со 10 пратеника во Собранието, партијата предводена од него би можела да направи голема промена во фумкционирањето на земјата.
– Левица со околу десетина пратеника би можела да направи значителни промени во општеството. Со моменталниот изборен модел кој е фаворизиран од страна на големите партии кој очигледно им одговара имаме 2 пратеника, а пак ако имавме изборен модел со една изборна единица за која се залагаме сега ќе имавме вкупно 5 пратеника во собрание. Големите партии го избегнуваат ова прашање бидејќи тие го користат и моментот на предизборни коалиции каде се спојуваат повеќе од дваесеттина партии пред изборен циклус – вели Апасиев.
Тој вели дека не го интересираат предизборни коалиции, а дека Левица очекува повеќе од 100.000 освени гласови на наредните парламентарни избори.
– Левица е против овие предизборни коалиции бидејќи сметаме дека на избори е потребно да се излезе сам, а коалиции да се прават по изборите. Без разлика дали изборниот модул ќе биде променет или не, на следните парламентарни избори очекуваме да стигнеме до двоцифрена бројка на пратеници во собрание. Бројката на гласови која целиме на следните избори е 100.000 гласови низ цела република – додава тој.