More

    Анџелина Џоли го разубави викендот во колеџот Спелман додека се шетала низ кампусот со ќерката Захара Џоли-Пит

    spot_img

    Анџелина Џоли го разубави викендот во колеџот Спелман додека се шетала низ кампусот со ќерката Захара Џоли-Пит. На изненадување и воодушевување на останатите студенти, Џоли била подготвена да се фотографира и да прави селфи, па нејзините фанови радосно ја искористиле можноста.

    Среќните студенти објавија свои фотографии на социјалните мрежи изразувајќи го своето изненадување од нејзиното доаѓање. Еден студент успеал да направи спонтано селфи со актерката, а фотографијата собрала 153.000 лајкови и повеќе од 7.000 споделувања на Твитер.

     

    Џоли била облечена од глава до пети во црна облека, но околу половината врзала кафеаво палто. Лицето донекаде го сокрила со очила за сонце кои имаат светло жолто стакло, па нејзините очи не се целосно скриени.

    Во позирањето ѝ се придружила и нејзината ќерка Захара, која ја посвои од Етиопија со Бред Пит. Облечена во фармерки и бела кратка блуза, Захара веќе е навикната на публицитетот што го има нејзиното светски познато семејство.

     

    Колеџот на кој посетува Захара е глобално признат како место за образование за жени со африканско потекло. Ги поддржува слободните уметности и науки и ги поттикнува студентите да се развиваат креативно и етички. Студентите на овој престижен колеџ се зајакнуваат да станат лидери во својата област, а особено интересен е фактот што првата Афроамериканка која докторирала по математички науки била студентка на овој колеџ.

    ФОТО: Твитер/Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img