Дали сакате да останете здрави и да го одржувате вашето тело во одлична форма? Храната богата со антиоксиданси може да ви помогне токму во тоа.Најпожелно е да ги вклучите овие антиоксиданси во вашата исхрана, пишува Aktivni.si, а пренесува City Magazine.
Куркумин
Овој антиоксиданс најмногу се наоѓа во куркумата, популарен индиски зачин. Редовното консумирање на куркумин го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак, Алцхајмерова болест и помага во забавување на процесот на стареење.
Пиперин
Во црниот пипер најчесто ќе најдете пиперин. Конзумирањето на пиперин помага во апсорпција на хранливи материи, го зајакнува имунолошкиот систем, ги намалува симптомите на воспаление, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и помага во губење на тежината.
Ликопен
Ова е моќен растителен антиоксиданс кој се наоѓа во црвено и розево овошје и зеленчук (домати, лубеници, цвекло (). Ликопенот го подобрува расположението и го штити организмот од токсини и разни хронични болести.
Алицин
Нашите баби веќе кажаа дека лукот е природен антибиотик. Содржи, меѓу другото, и алицин, кој е познат по своите лековити својства. Помага во борбата против настинките, го одржува имунолошкиот систем силен, го намалува високиот крвен притисок, го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем и позитивно влијае на здравјето на косата и кожата.
Ресвератрол
Ресвератролот е уште еден моќен антиоксиданс кој се наоѓа во грозјето и бобинките. Го намалува крвниот притисок и го забрзува производството на „добриот холестерол“ во организмот. Во исто време, овој антиоксиданс го одржува здравјето на мозочните клетки и ги намалува симптомите на многу болести.