More

    Ана Ѓуриќ: Подобро тебе да ти ги измиев нозете во мијалникот

    spot_img

    Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, победи во финалето на српската „Песна на Евровизија 2022 и со песната „In Corpore Sano“ ќе ја претставува Србија на Евросонг во Торино, Италија.

    Иако за неа не се зборуваше пред полуфиналето на популарното натпреварување, таа успеа да ја хипнотизира публиката и од аутсајдер да стане фаворит, па дури и победник.

    Српскиот фолк-пејач Аца Лукас кој го освои 5-тото место во финалето, не го криеше незадоволството што не победи, па дури изјави дека не му се допаѓа песната на Констракта.

    „Јас имав добри намери, сакав да направам нешто за мојот народ и за мојата земја. Ниту се изнервирав, ниту се налутив, кога видов дека од тоа нема никаква корист, само се откажав“, искрено почнал Лукас и додал:

    „Не ми се допаѓа песната, затоа што имаше многу подобри. Да ги измиев нозете на сцената, можеби ќе победев.“

    Неговиот коментар ја насмеал Констракта, кој дури и се пошегувала дека можеби „би било најдобро таа да му ги измила нозете на Лукас во мијалникот“.

    „Не верувам дека токму тоа тој го рекол, но сето тоа ме забавува, а ако навистина го рекол тоа, ме забавува сето тоа“, признала низ смеа Констракта.

    На прашањето што има да каже за тоа што Сара Јо вложила 30.000 евра, а таа 300 динари во настапот, Ана Ѓуриќ, како што е вистинското име на Костракта, вели дека не ѝ се допаѓа таквата споредба.

    „Не е убаво да се споредуваат тие два настапи. Сара е толку професионална и многу совесно си ја вршеше работата, имаме една Сара Јо, ајде да ја поддржиме. Ова е друг пристап и едноставно ете, на натпреварувањето помина тој пристап…“, заклучила Констракта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img