More

    Американска подморница вплови на вежба на руската морнарица

    spot_img

    Денеска во 10.40 часот по московско време, во зоната каде што руската морнарица извршува вежби кај Курилските острови во Тихиот Океан е откриена американска подморница од типот Вирџинија,  објави Интерфакс.

    Руската војска соопшти дека го предупредила екипажот на американската подморница дека е во руски територијални води и побарала да излезе на површина, но американската подморница го игнорирала барањето.

    „Во согласност со упатствата за заштита на државната граница на Руската Федерација во подводна средина, екипажот на фрегатата на Пацифичката флота „Маршал Шапошников“ употреби соодветни средства“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

    Американската подморница користела самоодни симулатор за да ја подели целта на радарски и акустични контролни средства и да тргне со максимална брзина.

    Инцидентот се случи во време кога САД најавуват дека Русија секој  момент планира инвазија на  Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img