Бурата околу жестоката тужба меѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд не стивнува.
И по шест недели макотрпни судски спорови, бројни обвинувања и валкани алишта во јавноста, се чини дека актерката Амбер Херд не е подготвена да се помири со пресудата што му одеше во прилог на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.
Пресудата, донесена од седумчлена порота, одлучи дека Амбер Херд мора да плати отштета од 10,35 милиони долари во корист на Џони Деп за клевета и за презентирање на лажни информации и напис што го напишала во кој тврдела дека е жртва на семејно насилство.
Според пишувањето на странските медиуми, таа тврди дека поротникот број 15, кој бил повикан на судењето, и поротникот 15, кој бил во судницата, не се исто лице. Како што се наведува, поротникот кој бил повикан е роден во 1945 година, а тој што бил во судот е многу помлад. Доколку овие наводи се покажат како точни, пресудата би можела да биде преиначена.
Кариерата на Деп доживеа тежок удар по нивниот јавен развод, поради што тој покрена судски спор кој траеше речиси два месеци.
Само една недела по пресудата, Амбер Херд направи и големо телевизиско интервју во кое остана доследна на своето сведочење.
Како што пренесува „Дејли мејл“, со последниот потег на нејзиниот адвокатски тим ќе бара отфрлање на пресудата и повторно судење врз основа на недостиг на докази и нелегитимен член на поротата.