More

    Активисти кои се борат против климатските промени денеска фрлија боја на влезот на операта Миланска скала во пресрет на отворањето на новата сезона

    spot_img

    Активисти кои се борат против климатските промени денеска фрлија боја на влезот на операта Миланска скала во пресрет на отворањето на новата сезона, соопшти италијанската полиција.

    Од полицијата додаваат дека по инцидентот се приведени пет лица и дека соодветните служби ја отстраниле бојата од влезот на театарот.

    Во текот на минатиот месец, истата група фрли супа врз „Сончогледи” на холандскиот сликар Винсент Ван Гог во Рим, фрли црна течност врз „Смрт и живот” на австрискиот сликар Густав Климт во Виена и фрли брашно врз спортскиот автомобил БМВ М1 979, насликан од американскиот поп уметник Енди Ворхол, кој беше изложен во Милано.

    Активистите кои се борат против климатските промени организираа протести низ Европа во последните месеци, а музеите и уметничките дела често беа цел на нападите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img