More

    Австралијанецот Скали и неговите соучесници обвинети за 60 дела

    spot_img

    Австралиец е осуден на 129 години затвор на Филипините поради сексуална злоупотреба на деца во кој најмладата жртва имала 18 месеци, соопштија обвинителите.  

    – Се надевам дека ова е многу силна порака до сите насилници, сите трговци со луѓе – рече Мерлин Барола-Уи, регионален обвинител на јужниот град Кагајан де Оро.

    Питер Џерард Скали веќе отслужува доживотна затворска казна за силување и трговија со луѓе, особено млади девојки. Судот во Кагајан де Оро ја изрече новата казна откако Скали и неговите тројца соучесници склучија договор за признавање вина. Жртвите и нивните семејства ги прифатија условите на спогодбата, се вели во соопштението објавено на Фејсбук страницата на регионалното обвинителство. 

    Експертите предупредуваат дека Филипините станаа глобален центар за сексуална експлоатација на деца, феномен што се влошува со сиромаштијата. 

    Скали и неговите соучесници се обвинети за 60 кривични дела, вклучувајќи трговија со луѓе, сексуална злоупотреба на деца, силување и детска порнографија. Партнерката на Скали, Лавли Маргало, е осудена на 126 години затвор. Двајца други добија казни од повеќе од девет години затвор. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img