Комерцијален лет на Precision Air се урна во езерото Викторија во Танзанија и во тек е спасувачка операција, соопшти авиокомпанијата.Портпаролот на Precision Air изјави за CNN дека авионот се урнал во најголемото африканско езеро во близина на аеродромот Букоба.
Се уште не е соопштено колку патници имало во авионот. Би-Би-Си, нагласувајќи дека се работи за непотврдена информација, дека се спасени повеќе од 20 патници, од 49.
Исто така, британскиот јавен сервис јавува дека авионот паднал во бура и силен дожд.
Имено, авионот бил во зоната за слетување, но ја промашил пистата, пренесуваат светските медиуми.