Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска Филипините, соопшти Сеизмолошката служба на САД (USGS), а локалните власти предупредија на можни штети и последователни потреси. Нема жртви, соопштија локалните власти.
Земјотресот бил на мала длабочина, на околу 100 километри јужно од главниот град Манила во 8:24 часот по локално време.
Земјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на Пацифичкиот огнен прстен, област со интензивна сеизмичка и вулканска активност.