Зеленски го одби предлогот на Макрон за „олимписко примирје“

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во интервју за Франс Прес изјави дека ја отфрла идејата за примирје во војната со Русија за време на Олимписките игри во Париз, за ​​што францускиот претседател Емануел Макрон изрази желба.

-Реков: Емануеле, ние не веруваме во тоа. Ајде за момент да замислиме дека има примирје. Како прво, ние не му веруваме на (Владимир) Путин. Второ, тој нема да ги повлече своите трупи. Трето, (…) кажи ми Емануел, реков, кој гарантира дека Русија нема да го искористи ова за да ги донесе своите трупи на наша територија – рече Зеленски.

И додаде:

-Ние не сме против примирје, не сме против крајот на војната. Но, ние сакаме праведен крај на оваа војна. Ние сме против примирје што ќе му користи на непријателот.

Неколку часа претходно, рускиот претседател, кој отпатува за Кина, имплицираше дека се противи на олимпиското примирје бидејќи на неговата земја и беше забрането учество на Олимпијадата поради инвазијата на Украина.

Макрон рече дека сака да „направи се“ за да владее олимписко примирје низ светот за време на Олимписките игри. Тој рече дека претседателот Си Џинпинг му дал поддршка на почетокот на мај.

Во интервју за АФП, Зеленски исто така рече дека Русија нема средства да изврши нов голем напад врз Киев.

-Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата – рече Зеленски, кој верува дека Донбас на исток и Харков на североисток се главните цели на Кремљ.

Украинскиот претседател, исто така, нагласи дека неговата земја има само една четвртина од системите за противвоздушна одбрана што и се потребни и потребни се уште 120 до 130 борбени авиони Ф-16 за да ја одземе доминацијата од Русија во воздухот.

- Advertisement -

Тој рече и дека би сакал Кина некако да учествува на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја организира во јуни, без Русија.

Share This Article
Exit mobile version