Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, на крајниот југоисток со слаб дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне сончево. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 15 степени.